Слики и мултимедија

Ford Кинетички Дизајн

Кинетички дизајн: Визуелизација наактивните возачки карактеристики низ надворешни и внатрешни дизајнерски елементи.

Во 2004 Мартин Смит (Martin Smith), извршниот директор на Ford за Европа беше предизвикан со задача да креира нов дизајнерски израз (изглед) на Ford. Ова беше одлучувачки момент во фордовата понова историја што резултираше со нова дизајнерска филозофија на компанијата - Ford kinetic design (Форд кинетички дизајн) беше претставен со цел да остане.

 

Гледајте ги ексклузивно снимките од снимањето на ТВ рекламата

Ако сакате да знаете како се создаваше ТВ рекламата овде е видеото од снимањето на  кое објаснува се. Да го гледате клипот само кликнете на сликата со клап-табла во горнито десен панел.


Истражувајќи ја енергијата во движење

Запрашан да го дефинира фордовиот кинетички дизајн (Ford Kinetic Design), Мартин Смит е недвосмислен во неговиот одговор: „изразот на формата е искажан преку смели, динамични и целосни површини. Кога гледате во Кинетички дизајн можете да видите дека ја визуелизира енергијата во движење“. Токму „енергијата во движење“ е тоа што го покажува дизајнерскиот израз. Затоа само со еден брз поглед автомобилите изгледаат како да се движат иако се во мирување.

Еволуцијата  на дизајнот

Првата верзија на фордовиот кинетички дизајн беше концепт возилото од класата на SAV (Спортски, активни возила) во 2005 г. кое на крај беше трансформиран во S-max. Од тогаш новиот дизајнерски израз влијаеше и на другите модели: Galaxy, Mondeo, Kuga, Focus, новата Fiesta, а во најново време и на новата Ka. Уште еднаш Мартин Смит совршено ја резимираше визијата на Форд кинетички дизајн: „Ние сакаме да изградиме возила кои предизвикуваат моментален и емотивен одговор `Сакам една ваква`. Оваа визија помина од концепт во фантастична реалност

Слушнете од луѓето кои ова го овозможија

Ако сакате да откриете повеќе околу инспирацијата за фордовиот кинетички дизајн можете да го гледате целосното интервју со Мартин Смит, Извршниот директор на Форд за Европа и Ерика Цубаки (Erika Tsubaki) супервизор на студиото за креирање стратегија за дизајн и идност. Тие ги отркиваат внатрешните детали и идеи кои ги донесоа до оваа нова драматична филозофија. Да го гледате видео клипот само кликнете на сликата подолу


Martin Smith

SAV концепт возилото

SAV концепт возилото

New Ka

S-MAX

Mondeo

Focus

New Fiesta

New Fiesta

Kuga




 

Концептот Iosis

Премиерно прикажан во Франкфурт 2005, iosis беше дизајнерска идеја изграден не некои од идеите првично изразени преку SAV концепт возилото. Во основа целта беше да се преземе `енергијата во движење` и истата да се визуелизира. Дизајнерите мораа брзо да ги идентификуваат клучните графички изрази/елементи за фордовиот нов дизајн. Прв од тие графички изрази/елементи беше „обратниот трапез“ отвор за воздух под предната решетка. Други нови елементи содржеа истакнат лак над тркалат, цврстите носачи и динамичната линија низ должината на возилото која се смалува кон крајот на возилото.

Радикално оддалечување во внатрешноста

Во внатрешноста, тимот сакаше возачот да биде привлечен во моментот кога вратите ќе се отворат. За Мартин Смит внатрешниот дизајн „е исто така важен, ако не и повеќе отколку надворешниот“. Равивањето на дизајнот водеше кон високотехнолошки изглед комбиниран со вистинска практичност. ВО финалната верзија Iosis-от имаше новородена внатрешност инспирирана од борбената опрема за пливање карактеризирана со неопрен гума и со префинета кожа.

Создавајќи го Mondeo

Комплетниот концепт на iosis потоа беше пренесен во форма подготвена за производство притоа без да се изгубат важните пораки пренесени преку дизајнот. Резултатот е Mondeo-то што денес го гледаме. Изразот и филозофијата на фордовиот кинетички дизајн го однесе на ново ниво прикажувајќи ги сите негови клучни елементи. Заедно испорачаа дизајн кој сигнализира и моќ и грациозност а сепак јасно претставува отелотворување на „енергија во движење“.


Mondeo

Mondeo

Mondeo

Mondeo

Mondeo Ентериер

iosis скица
iosis концепт автомобил
iosis концепт автомобил

iosis концепт автомобил

iosis концепт автомобил

iosis концепт автомобил

iosis концепт автомобил

iosis концепт автомобил

iosis скица

iosis скица


 

Iosis X концептот

Iosis X концепт возилото првпат беше откриен на саемот на автомобили во Париз (Paris Motor Show) во 2006. Една од задачите беше Iosis-от да покаже како фордовиот кинетички дизајн може да се пренесе на другите модели. „Ова возилот покажува како можеме да ги примениме принципите на кинетичкиот дизајн на различне тип возило“, рече Мартин Смит. „Ја носи нашата филозовија на `енергија во движење` уште понапред и покажува колку поразлични ќе бидат фордовите возила во иднина“.

Движејќи ја филозофијата нанапред

Да пронајдеш заеднички теми меѓу Iosis, Mondeo и Iosis X е лесна задача. Изненадниот облик на страничните прозори (DLO се однесува на задните прозори кои овозможуваат повеќе светлина во внатрешноста) кои се искачуваат/креваат кон крајот на каросеријата меѓу Ц и Д носачот можат да се забележат на сите модели. Друг заеднични дизајнерски елемент е смелата и динамична линија која се движи низ велата каросерија.  За Рут Поли (Ruth Pauli) главен дизајнер за бои и опремување, Iosis X ја задвижел играта нанапред „ние требаше да работиме на три главни столба; возбудливи проиводи, квалитетна изработка и да го изградиме брендот со дизајнерска сила.“

Создавајќи ја Kuga

Како последица на iosis X, Kuga беше лансирана во 2008. Тоа беше сосема нов додаток на фордовото портфолио на патнички возила и возила со погон на сите тркала (AWD) како и прв настап во сегментот на кросовер возилата. Што се однесува до дизајнот, Мартин Смит е јасен дека дизајнот на Кугата верно ги рефлектираат принципите на „енергијата во движење“, „моќниот израз на обликот и смелата графика се соединија да му дадат на возилото впечаток дека е во движе... дури и кога е паркиран.“


Kuga

Kuga

Kuga

Kuga задни светла

Kuga

Kuga ентериер
Kuga ентериер
iosis X концепт возило

iosis X концепт возило

iosis X концепт возило

iosis X концепт возило

iosis X концепт возило

iosis X концепт возило

iosis X концепт возило

Kuga скица

Kuga скица

 

Концептот Verve

Лансиран во 2007 на саемот во Франфурт  (Frankfurt Motor Show), концепт возилото Верв (Verve) ја задвижи смелата визија на фордовиот кинетички дизајн за мали возила нанапред. Стефан Лам (Stefan Lamm) главниот дизајнер за надворешност во Форд за Европа ја соопшти нивната јасно поставена цел: „Наша амбиција е да бидеме лидери во дизајнот на мали возила и да креираме возила со индивидуален карактер за индивидуални муштерии.“ Со целосните површини во обликот на каросеријата, дополнети со елегантен сончев кров и структура без Б носач, концептот Верв ги покажува динамичките можности за изразување на фордовиот кинетички дизајн во малите возила.

Правејќи ја иднината реалност

Концептот Verve изгледа исто драматично внатре како што изгледа однадвор и е дизајниран за генерацијата која е израсната со мобилни телефони. Со ова возило се развиени нови технологии кои можат да влезат во масовна продукција. Нико Видаковиќ, главен дизајнер на внатрешност во Форд за Европа рече: „Ова е квантен скок во доближувањето на кинетичкито дизајн во внатрешниот дизајн... видот на визуелните иновации, поврзувањето на изразувањето на кинетичкиот дизајн во внатрешноста со надворешноста е нешто во кое ние веруваме дека не го прави ниту една друга компанија.“

Создавајќи ја новата Fiesta

Во 2008 новата Фиеста го најави своето доаѓање. За Марин Смит ова е: „нај компетната, емотивна и возбудлива Фиеста која Форд некогаш ја произвел како од внатре така и од надвор. Јасно го истакнува фордовиот кинетички дизајн во својата нај јасна формасо препознатливата предна решетка, истакнати лакови над тркалата и динамична линија која се движи низ должината на возилото. Футурустичката внатрешност ги надмина очекувањата поставени од конецптот Verve и содржи систем за забава инспириран од мобилните телефони како и софистициран HMI (Human Machine Interface - Интерфејс меѓу Чоевекот и Машината)


New Fiesta

New Fiesta ентериер

New Fiesta

Centre конзола

Verve концепт

Verve концепт
Verve концепт
Verve концепт

Verve скица

New Fiesta

Verve скицаh

Verve скица

 

iosis-MAX

Неодамна лансиран на саемот во Женева во 2009 (2009 Geneva Motor Show), iosis-MAX ја поставува визијата на Форд за тоа како треба да изгледа MAV (Multi-Activity Vehicle- возило за повеќе намени). Ја означува следната фаза во еволуцијата на фордовиот кинетички дизајн и ги промовира новиот начин на отварање навратите, лесните материјали и напредната аеродинамика.

Внатре просторот е генијално искористен со драматични агли инспирирани од научнофантастичните филмови, архитектура и дизајн од космичка ера. Тоа е идеален комплемент на надворешноста каде со помош на фордовиот кинетички дизајн е создаден нов изглед што го редефинира секојдневното размислување за како едно MAV треба да изгледа.

„Ова е нај елегантното изразување во едно МАВ што досега е направено“ објаснува Патрик Верхе (Patrick Verhee) менаџер за дизајнерски иновации и саемски возила на Форд во Европа. „Ова е ремек дело што комплетно ги доближува дизајнот и функционалноста еден до друг.“

Што е следно?

Дизајнерскиот тим најави нов правес, не само за Форд туку и за цела автомобилска индустрија. Крајната цел е да се достигне водство/лидерство во дизајнот, а секако фордовиот кинетички дизајн ке продолжи да се развива и напредува. Што се однесува до иднината, Мартин Смит е јасен во неговите намери: „иако iosis-MAX не е претходник на некое конкретно возило што ќе излезе од производствената линија, јасно  истакнува како еволуира кинетичкиот дизајн кој може да се примени со чудесни резултати на секое возило од гамата на Форд


Murat Seven дизајнер за ентериер

iosis-MAX дизајнирање
iosis-MAX концепт
iosis-MAX ентериер

iosis-MAX фарови

iosis-MAX концепт

iosis-MAX концепт

iosis-MAX концепт

iosis-MAX концепт

iosis-MAX

iosis-MAX и дизајнерскиот тим



 



Bookmark & Share